17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп бара од ЕУ да купи американски енергенси за 350 милијарди долари...

Трамп бара од ЕУ да купи американски енергенси за 350 милијарди долари за да ги укине царините

Европската унија ќе мора да се обврзе да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари за да добие ослободување од огромните царини наметнати од Доналд Трамп, изјави американскиот претседател во понеделникот вечерта, отфрлајќи го предлогот на Брисел за „нулта царина“ за автомобили и индустриски стоки.

На прес-конференција во Белата куќа, Трамп одговори на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која претходно во понеделникот рече дека ЕУ понудила укинување на царините за автомобили и индустриски стоки увезени од САД, под услов Трамп да возврати со иста мера.

На прашањето на новинарите дали понудата е доволна за да се откаже од тарифите, Трамп одговори: „Не, не е“.

„Имаме дефицит со Европската унија од 350 милијарди долари и тој брзо ќе исчезне“, рече Трамп. „Еден од начините да го снема лесно и брзо е тоа што тие мора да ја купат нашата енергија… тие можат да ја купат, можеме да извадиме 350 милијарди долари за една недела. Тие треба да купат и да се обврзат да купуваат исто количество енергија“, рече тој, според Политико.

Понудата на фон дер Лајен дојде откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за ЕУ ​​и минимална стапка од 10 отсто за другите трговски партнери. Како одговор, финансиските пазари ширум светот изгубија трилиони долари во вредност, додека европските акции го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата Ковид-19 во понеделникот.

Трамп зборуваше во Овалната соба во понеделникот заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој отпатува за Вашингтон за да разговара со Трамп и да побара ослободување од американските царини. Во коментарите за медиумите по средбата, американскиот претседател ја повтори својата критика кон ЕУ, но навести дека е подготвен за договор со блокот, под услов да се обврзе да го намали трговскиот дефицит со САД со купување на повеќе американска енергија.

Идејата за купување американска енергија за да се избегнат царините не е нова. Речиси веднаш штом Трамп беше реизбран на функцијата претседател, фон дер Лајен предложи отворање преговори за купување на повеќе американски течен природен гас (ЛНГ). Сепак, Политико објави дека САД не понудиле јасен одговор за тоа како ќе функционира договорот.

Запрашан дали неговите глобални тарифи се преговарачка тактика или трајни, Трамп рече: „Може да има постојани тарифи, но може да има и преговори, бидејќи има работи што ни требаат покрај тарифите“.

„Ако можеме да направиме навистина фер договор и добар договор за Соединетите држави, а не добар договор за другите, ова е Америка на прво место. Сега е Америка на прво место“, додаде тој.

Подоцна на прес-конференцијата, кога еден новинар го праша Трамп дали има две или три земји на неговата листа за кои тој мисли дека се поблиску до намалување на царините, Трамп ја спомна ЕУ: „Европската унија. Мислам, без разлика колку лошо се однесуваа со нас, тие практично ги укинаа царините за автомобили. Мислам дека ги намалија на 2,5 и слушам можеби на нула“.

Сепак, тој, исто така, навести дека сака ЕУ да ги намали своите стандарди за да дозволи повеќе американски стоки на нејзиниот пазар, нарекувајќи ги безбедносните мерки како „непарични царини“.

„Тоа се тарифи каде што тие поставуваат работи што ви оневозможуваат да продавате автомобил… толку го отежнуваат тоа, стандардите и тестовите“, рече Трамп. „Тие доаѓаат со правила и прописи кои се дизајнирани поради една причина: дека не можете да го продавате вашиот производ во тие земји. И ние нема да го дозволиме тоа. Тие се нарекуваат немонетарни бариери“.

Зборувајќи за тоа што го мотивира да прави такви потези, американскиот претседател се наврати на времето кога американските царини беа исклучително високи.

„Знаете, нашата земја беше најсилна од 1870 до 1913 година“, рече Трамп. „Знаете зошто? Сè беше засновано на тарифи. Немавме данок на доход. Тогаш, во 1913 година, некој генијалец дојде до идејата дека треба да им наплатиме на луѓето на нашата земја, а не на странските земји што ја ограбуваат нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП