8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Русија не е на списокот за царини на Трамп?

Зошто Русија не е на списокот за царини на Трамп?

На списокот од 180 земји, меѓу кои се и сојузниците на САД, кои сега се погодени со одмазднички тарифи, Русија ја нема.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа му го соопшти на светот својот точен план во врска со воведувањето царини. Она што на многумина им падна во очи е дека на списокот ја нема Русија.

Официјален претставник на Белата куќа објасни дека Русија „не е на оваа листа бидејќи санкциите од војната во Украина веќе резултираа со трговијата меѓу двете земји еднаква на нула“, пишува Newsweek.

За време на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, САД воведоа широк опсег на санкции против Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина, мешањето во странски избори, сајбер нападите и кршењето на човековите права. Овие мерки се насочени кон клучните сектори на руската економија, вклучувајќи ги енергетиката, финансиите, одбраната и технологијата. Големите руски банки се отсечени од глобалниот финансиски систем, средствата на руските олигарси се замрзнати, а контролата на извозот го ограничи пристапот до критичните технологии.

Санкциите се насочени и кон поединци блиски до претседателот Владимир Путин, со цел да се изврши притисок врз Кремљ преку изолација на неговата политичка и економска елита. Во координација со сојузниците во Европа и Азија, САД ги продолжија овие санкции од 2022 година, сакајќи да ја ослабат способноста на Русија да ги финансира своите воени напори додека ја поддржува Украина преку воена и финансиска помош.

Нема други земји под американски санкции, како Белорусија, Куба и Северна Кореја, на списокот на тарифи на Трамп.

Сепак, Иран и Сирија, кои исто така се соочуваат со тешки ембарга и санкции, беа погодени со дополнителни царини од 10 и 40 проценти, соодветно.

Сенаторите Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина и Ричард Блументал, демократ од Конектикат, се главните спонзори на двопартискиот нацрт-закон со кој ќе се воведат нови примарни и секундарни санкции против Русија и ентитетите кои ја поддржуваат агресијата на Путин, доколку Москва не се приклучи на мировните преговори или го поткопува суверенитетот на Украина. Предлог-законот вклучува воведување царини од 500 отсто за увезената стока од земјите што купуваат руска нафта, гас, ураниум и други производи.

Во неделата, Трамп, исто така, вети дека ќе воведе „секундарни царини“ за нациите кои купуваат нафта од Русија, доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина. Според тоа, предложените царини, кои се движат од 25 до 50 отсто, нема директно да ја таргетираат Русија, туку ќе ги казнат странските земји кои продолжуваат да тргуваат со неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП