ЕКОНОМИЈА

Оваа година има рекордни 3.028 милијардери во светот

Светските милијардери се побогати од кога било досега, покажува годишната листа на Форбс на најбогати луѓе во светот.

Ова е 39-то издание на оваа листа, а оваа година има рекордни 3.028 милијардери – најмногу откако Форбс го држи овој рекорд.

Чејс Петерсон-Виторн, висок уредник во Форбс, изјави за „Утринско издание“ дека вкупното богатство на листата се зголемило за дополнителни 2 милијарди долари во споредба со минатата година. Вкупниот имот на милијардерите сега се проценува на 16,1 трилиони долари.

„Одлично време е да се биде милијардер“, рече Петерсон-Виторн.

Како Форбс ја составува оваа листа?

Петерсон-Виторн вели дека листата вработува повеќе од 100 новинари ширум светот, кои анализираат сè, од акциите на јавните компании до проценките на приватните компании, готовината, инвестициите и како милијардерите ги трошат своите пари во слободното време.

„Ние анализираме сè, од уметност, јахти, колекции на автомобили, до колекции на фосили од диносауруси и кој знае што друго поседуваат милијардерите“, вели тој. „На крајот на денот, тоа е збирот на вредноста на нивната вкупна актива, минус нивните долгови.

Некои милијардери избираат да соработуваат со „Форбс“ и споделуваат информации за нивниот имот, но за оние кои не го прават тоа, новинарите користат државни регистри, судски документи, офшор регистри, како и информации од разни протекувања. Тие разговараат со самите милијардери, со нивните соработници и конкуренти за да добијат одговори на прашања кои „многу милијардери попрво не би ги слушнале“.

Кои се најбогатите на овогодинешната листа?

Најмногу милијардери имаат САД – 902, потоа Кина и Хонг Конг со 516, додека на трето место е Индија со 205 милијардери.

1.Илон Маск – 342 милијарди долари (Tesla и SpiceX)

2.Марк Цукерберг – 216 милијарди долари (Facebook/Meta)

3.Џеф Безос – 215 милијарди долари (Amazon)

4.Лари Елисон – 192 милијарди долари (Oracle)

5.Лери Пејџ – 192 милијарди долари (Google/Alphabet)

6.Брин – 138 милијарди долари (Google/Alphabet)

7.Амансио Ортега – 124 милијарди долари (Inditex/Zara)

8.Стив Балмер – 118 милијарди долари (Microsoft)