9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackВerry му плаќа 88 милиони долари на новиот CEO

BlackВerry му плаќа 88 милиони долари на новиот CEO

blackberry-ltd-john-chen

Производителот на паметни телефони „BlackВerry“ му понуди на новиот Извршен директор Џон Чен плата од 3 милиони долари, вклучувајќи и бонуси во годината. Исто така компанијата му даде почетен бонус од 13 милиони акции во вкупна вредност од 85 милиони долари, врз основа на нивната тековна пазарна вредност, пишува весникот „Financial Times“.

Чен беше назначен за Главен и Извршен директор на „BlackВerry“ минатата недела, откако канадската „Fairfax“ одби да ја купи компанијата во ваква состојба, за што претходно предложи 4.7 милијарди долари. И покрај фактот дека платата на менаџерот е многу висока, таа ќе зависи од неговата способност да ја врати компанијата во живот.

Во спротивно, сите негови добиени акции ќе бидат безвредни, а ова го тврдат аналитичарите од „Marcus Venture Consulting“. Набљудувачите се вознемирени и од тоа дека Чен ќе ги обедини улогите на Главен и Извршен директор.

Според канадските медиуми, Чен ќе продолжи да живее во Калифорнија и ќе лета до работно место – седиштето на „Blackberry“ во Ватерло (Онтарио) – со еден од трите корпоративни авиони. Поради наглиот пад во продажбата на своите паметни телефони, „Blakberry“ се соочува со сериозни финансиски тешкотии и е на работ на банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП