2 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото се искачи на нов историски рекорд, пазарите во исчекување...

Цената на златото се искачи на нов историски рекорд, пазарите во исчекување на царините на Трамп

Цените на златото надминаа 3.100 долари за унца, при што инвеститорите стравуваат дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, како и со континуираната побарувачка од централните банки.

На физичкиот пазар унца злато се тргува по 3.133,29 долари и е повисока од вчера.

Само од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. Во 2024 година, неговата цена скокна за околу 27 отсто, поттикната, меѓу другото, од побарувачката од централните банки. Во последно време, импулс на цените им дадоа и најавите за американски царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе реципрочни царини во среда за сите земји кои воведуваат царини за американски стоки, а тарифите за увоз на автомобили исто така треба да стапат во сила од четврток.

„Порастот на побарувачката за злато ја одразува вознемиреноста на инвеститорите за тарифите. Постојат стравувања дека (наметнувањата) ќе го ограничат економскиот раст“, ​​а тие стравувања ги поддржуваат цените на благородниот метал, објаснува Нитеш Шаг од WisdomTree.

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на имотот во периоди на зголемена политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Централните банки исто така се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да обезбедат снабдување во период на геополитички и економски тензии.

Цената на среброто на физичкиот пазар падна за 0,4 отсто, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8 отсто, на 991,55 долари и 979 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП