27 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава почна со намален број на работници во индустријата!

Годинава почна со намален број на работници во индустријата!

Во индустријата ништо ново. Продолжува негативниот тренд на бројот на работници. Во јануари годинава во однос на истиот период лани бројот на работници е намален за 3,5 отсто. Властите сметаат дека бројот на вработени ќе се зголеми за околу 50 илјади по исплатата на средства од унгарскиот кредит за фирмите. Тоа што дава барем малку оптимизам е растот на Бруто домашниот прроизвод кој ланската година беше на минимално ниво.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во сите поголеми индустриски сектори има намалување на бројот на работници. Позитивни податци или раст на бројот на работна сила има само кај секторите кои произведуваат производи за широка потрошувачика и тоа за нешто над 22 отсто. Во производството на енергија, во производството на интермедијарни производи како и во реализацијата на капитални проекти и нетрајни производи за широка потрошувачка.

 „Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 3.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 5.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 22.3 %.“ се наведува во извештајот на ДЗС.

Во исто време кога пазарот на труд кубури со работна сила, а особено во индустријата каде платите се на солидно ниво, без работа во Македонија има околку 100 илјади граѓани. А во целото стопанство денеска фалат над 10 илади работници. Планот на властите е дека дури 50 илјади работни места ќе се отворат во стопанството со вбризгувањето на свежи пари во производствените компании. Засега е рано да се каже дали овие прогнози се реални или не, но ронка надеж дава податокот што растот на Бруто домашниот производ е поголем од статистичка грешка.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП