27 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ лани извезла стоки во вредност од 531,6 милијарди евра во САД

ЕУ лани извезла стоки во вредност од 531,6 милијарди евра во САД

Во 2024-та година Европската унија (ЕУ) извезла стоки во вредност од 531,6 милијарди евра за САД. Увозот изнесува 333,4 милијарди евра, што доведе до трговски суфицит од 198,2 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците на Европската статистичка служба од вторник.

Во споредба со 2023-та година извозот е зголемен за 5,5%, а увозот е намален за 4%.

Кога ќе се погледне расчленувањето според Стандардната меѓународна трговска класификација (SITC), првите пет извезени стоки сочинуваат половина, или 49,5% од целиот извоз во САД. Станува збор за медицински и фармацевтски производи (22,5%), возила (9,6%), општи индустриски машини и опрема (6,4%), електрични машини, апарати и електрични делови (6%) и машини специјализирани за одредени индустрии (5%).

Слично, во увозот, првите пет категории учествуваат со 50,4% од сите увезени стоки, покажуваат и податоците на Евростат. Станува збор за нафта, нафтени деривати и сродни материјали (16,1%), лекови и фармацевтски производи (13,8%), машини и опрема за производство на електрична енергија (9,2%), гас, природна и индустриска (5,8%) и транспортна опрема (5,5%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП