5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRichemont го зголеми профитот

Richemont го зголеми профитот

richh1e

Швајцарската компанија „Richemont“, втор светски производител на луксузни производи, соопшти дека го зголемила нето профитот за 10 проценти од април до септември.

Профитот, како што соопштија од компанијата, е зголемен на 1,185 милијарди евра.

Приходите од продажбата на оваа женевска компанија скокнале за четири проценти на годишно ниво, на 5,324 милијарди евра, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Групацијата која посебно е активна во производството на часовници, оцени дека остварила задоволителни шестмесечни резултати, во споредба со истиот период од минатата година, со оглед дека тогаш забележила високо ниво на активност на пазарите во Европа, Блискиот Исток и во регионот Азија-Пацифик.

Контролата на трошоците го намалила негативниот ефект на девизните курсеви, се наведува во соопштението и се додава дека „Richemont“ за целата фискална година, која се завршува на крајот на март 2014 година, е внимателен по прашањето за прогноза на деловните резултати, имајќи ги во предвид нестабилните пазари во светот, како и неповолното влијание на девизните курсеви кое ќе продолжи во втората половина од фискалната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП