18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФон дер Лајен: ЕУ останува посветена на постепено укинување на рускиот гас

Фон дер Лајен: ЕУ останува посветена на постепено укинување на рускиот гас

Европската унија останува посветена на постепено укинување на испораките на руски природен гас. Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, цитирана од „Reuters“.

„Јас се залагам за постепеното исфрлање на рускиот гас… Ова е апсолутно неопходно“, изјави фон дер Лајен за новинарите во Брисел.

„Постигнавме успех, но, се разбира, секогаш гледаме дека има дупки на кои треба да внимаваме и да работиме“, додаде таа.

Фон дер Лајен, исто така, коментира дека додека „децениската безбедност исчезнува“ во односите на Европа со другите земји, нема причина да се намали ризикот во односите на Унијата со САД.

Фон дер Лајен ја предводи промената во односите на ЕУ со Кина, што таа го опиша како „намалување на ризикот“ наместо прекин со Пекинг. И покрај острите и загрижувачки промени во надворешната политика и одбраната под американскиот претседател Доналд Трамп, таа рече дека одговорот на прашањето дали е потребна слична стратегија сега во Вашингтон е „јасно не“.

„Односот со САД е сосема поинаков од оној што го имаме со Кина“, коментира таа на прес-конференцијата во Брисел посветена на првите сто дена од новата Комисија под нејзино раководство. Фон дер Лајен подоцна додаде дека одлуката на САД да ја прекине помошта за Украина и размената на разузнавачки информации е „многу силен повик за будење“ за Европа да ги зајакне своите одбранбени способности.

Фон дер Лајен рече дека нејзината Комисија ќе започне да одржува редовни безбедносни состаноци за да ги разгледа различните можни закани за блокот во области како што се одбраната и енергијата.

Лидерите на ЕУ работат на безбедносен предлог од Европската комисија кој би можел да мобилизира 800 милијарди евра во форма на дополнителна национална потрошувачка, вклучувајќи 150 милијарди во форма на заеми од ЕУ за земјите-членки за инвестиции во одбраната.

Но, сега блокот мора да најде други начини за зајакнување на поддршката за Украина, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да ги поддржи плановите за зајакнување на воените капацитети на Киев.

Новата итност главно е поттикната од одлуката на Трамп да ја повлече поддршката од Украина, заедно со прашањата за долгорочната посветеност на САД кон НАТО. Фон дер Лајен рече дека новите геополитички реалности, исто така, ќе го принудат блокот да го преиспита својот предлог за следниот долгорочен буџет, кој ќе биде претставен во средината на септември.

Лидерите на ЕУ не можеа да отворат јасни линии на комуникација со администрацијата на Трамп, но фон дер Лајен рече дека можела да работи со него во минатото.

„САД се наш сојузник повеќе од 80 години. Имаме различни ставови за некои прашања, но нашите заеднички интереси се секогаш посилни. Треба да најдеме заеднички патишта, повика претседателката на ЕК дека ќе се сретне со Трамп „кога ќе биде вистинското време“, рече таа.

Според Фон дер Лајен, постојат неискористени можности за соработка со Обединетото Кралство, Канада и Норвешка.

Претседателката на Европската комисија најави дека следната недела Комисијата ќе предложи заеднички правила за враќање на мигрантите без право на престој во ЕУ. Фон дер Лајен објасни дека се планира воведување заеднички правила, европски налог за враќање, како и меѓусебно признавање на одлуките за враќање меѓу европските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП