18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Goldman Sachs“ ја зголемува прогнозата за раст на Германија и еврозоната

„Goldman Sachs“ ја зголемува прогнозата за раст на Германија и еврозоната

„Goldman Sachs“ ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Германија оваа година, наведувајќи ги изгледите за зголемени трошоци за одбраната и инфраструктурата, а исто така ги ревидираше нагоре своите очекувања за раст во пошироката еврозона.

Од „Goldman Sachs“ сега очекува раст од 0,2% за најголемата европска економија, 0,2 процентни поени повисок од претходно. Исто така, се прогнозира дека растот во еврозоната ќе се зголеми за 0,1 процентен поен на 0,8 отсто.

Партиите во разговорите за формирање нова влада во Германија во вторникот се согласија да ги олабават фискалните правила, што ќе овозможи задолжување од речиси 1 трилион евра за финансирање на трошоците за одбрана и инфраструктура.

„Гледаме некои прелевачки ефекти од Германија кон соседните земји и сега очекуваме остатокот од еврозоната да ги зголеми воените трошоци малку побрзо за да одговори на промената во Германија“, велат економистите на „Goldman“ предводени од Свен Јари Стен.

„Сметаме дека ефектите ќе бидат поголеми за Франција, помали за Шпанија и средни за… Италија, како одраз на веројатните трговски текови во трошоците за одбрана“, додава Свен.

„Goldman Sachs“ очекува Франција, Италија и Шпанија да ги зголемат трошоците за одбрана на 2,9%, 2,8% и 2,7% соодветно до 2027-ма година.

Другите земји без Германија се поблиску до нивните фискални лимити и најверојатно ќе треба да финансираат дел од растот со намалување на трошоците или зголемување на даноците, што би резултирало со помала фискална поддршка, пишуваат економистите на „Goldman Sachs“.

Фискалното олеснување би можело да го намали притисокот врз ЕЦБ

„Фискалните вести го намалуваат притисокот врз Европската централна банка да ги намали стапките под неутралните“, забележуваат од „Goldman Sachs“.

Таа не очекува централната банка да ги намали каматните стапки на состанокот во јули, во споредба со претходната прогноза за намалување од 25 базични поени.

„Goldman Sachs“ смета дека основната каматна стапка на ЕЦБ до јуни оваа година ќе достигне 2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП