17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ги одложи царините за Мексико

Трамп ги одложи царините за Мексико

Доналд Трамп најави дека го одложува воведувањето царини за Мексико до 2 април.

Трамп не кажа дали одложувањето се однесува и на Канада, но Канаѓаните очекуваат еднаков третман, изјави за Би-Би-Си извор од канадската влада.

Трамп вчера најави дека најголемите автопроизводители ќе бидат привремено ослободени од увозни даноци од 25 отсто.

Министерот за трговија Хауард Лутник претходно најави дека привременото ослободување од царините за увоз на автоделови од Канада и Мексико може да се прошири на сите производи кои се дел од Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA).

„По разговорот со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, се согласив дека Мексико нема да мора да плаќа тарифи за ништо што спаѓа во договорот USMCA“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

„Ова важи до 2 април. Тоа го направив од почит кон претседателката Шејнбаум. Нашите односи беа многу добри и работиме напорно заедно на границата, како во однос на спречувањето на илегалните мигранти да влезат во САД, така и во однос на запирање на фентанил. „Благодарам на претседателката Шејнбаум за напорите и соработката“, додаде тој.

Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за „одличниот и почитуван разговор“, ветувајќи му дека нејзината влада ќе работи на безбедноста и миграцијата откако Вашингтон привремено ги ублажи тарифите.

Таа нагласи дека двете земји ќе продолжат да соработуваат за запирање на наркотичната дрога фентанил од Мексико во САД, што е една од главните точки на преговорите околу одлуката на Вашингтон да воведе царина од 25 проценти.

Имавме одличен разговор со почит во кој се согласивме дека нашата работа и соработка имаа невидени резултати, во рамките на почитувањето на нашите суверенитети“, напиша Шејнбаум на платформата X.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП