Поради огромниот интерес кај публиката, легендарните К-15 го закажаа и третото шоу во живо, како дел од прославата на 30-годишниот јубилеј. Воедно, мора да се напомене дека ова е и последно шоу, а е закажано за недела, 18 мај 2025 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје.

Дека за сите три настани може да очекуваме единствено и незаборавно искуство, потврдува и фактот што тие ќе бидат режирани од еден од најпознатите македонски режисери, Синиша Евтимов, кој ќе биде одговорен за целокупниот концепт на настаните.


