Со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена беше резултат на бројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување кое не соодветствува со реалната потрошувачка.
“РКЕ има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија. Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите останати категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција”, велат од од Инженери на Република Македонија(ИНРМ).

