13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMediaTek вложува една милијарда во нови чипови

MediaTek вложува една милијарда во нови чипови

Тајванската компанија „MediaTek“ планира во 2014-та година да вложи повеќе од една милијарда долари за развој на повеќе од 20 нови чипови кои ќе се вградуваат во паметните телефони, таблетите, телевизорите, бежичните уреди и „DVD“ уредите.

„MediaTek“ обично околу 20 проценти од собраната сума од продажбата на одделенијата за истражување и развој.

Во споредба со планираните приходи од оваа година од 4.42 милијарди долари, капиталните вложувања во истражувањата и развој во 2013-та година ќе достигнат износ од 884 милиони долари.

Следната 2014-та година за потребите за истражувањето и развојот ќе биде вложен споменатиот износ од повеќе од една милијарда долари. Според предвидените приходи „MediaTek“ во идната година би требало да го зголеми тој износ од 5.09 и 5.53 милијарди долари.

Што се однесува до новите производи, во 2014-та година е планирано пуштање на барем 6 нови процесори, кои вклучуваат два осумјадрени „CPU“, два четиријадрени и по еден двојадрен и еднојадрен модел. Исто така планирани се и неколку „high-end“, „midrange“ и „entry-level“ процесори за таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП