Во овие зимски денови ако ви недостасува морското синило и мирисот на морска храна, не очајувајте таков амбиент ќе најдете во ресторант Сидро, добро познат на скопјани. Целиот ресторан е со детали што потсетуваат на море, затоа тоа нема потреба да одите на мoре, морскиот амбиент го има во нашиот град. Храната која тука се подготвува е свежа, подготвена од врвни готвачи. Па така кога станува збор за избор на морска храна рестораните Сидро се прва опција за Скопјани. Не случајно одлични рецензии и препораки има и на Trip Adviser.

Овде гостите може да ги пробаат најдобрите ракови, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото. Секое јадење нуди автентични вкусови кои долго се чувствуваат. Ова е идеално место за посета со семејството, каде може целосно да се опуштите, да се напиете убаво македонско вино, да нарачате свежи салати. Ако јадете морска храна ќе ги задоволите дневните потреби за протеини, но ќе внесете и помалку калории. Затоа препорачливо е да јадете морска храна ако сакате да ја одржите или да ја намалите вашата тежина, велат нутиционистите.



