Инфлуенсерката Ешли Сент Клер го тужеше Илон Маск за старателство над синот за кој тврди дека го добила со милијардерот.
По тужбата, во јавноста брзо протекоа приватни пораки меѓу неа и Илон Маск, кои, според пишувањата на странските медиуми, биле доставени до Врховниот суд во Њујорк.
Во една од своите пораки, инфлуенсерката спомна извесен Џаред, за кој тврди дека им ја уништил врската.
„Мораме да создадеме армија од деца“
“Тој ми кажа многу ужасни работи кој ти ги припишуваше теве, а мислам дека немаше некаков раздор во нашата врска пред тоа. Ако си во Њујорк или сакаш да дојдам во Вашингтон, многу би ми значело да разговарам со тебе лично. Длабоко се грижам за тебе и чувствувам дека некој друг ни ја уништил врската, што мислам дека треба да биде подобро заради нашиот син”, му напишала таа.
Маск само кратко одговорил на нејзината порака, пишувајќи „хм, ок“.
После тоа, Маск и напишал:
„Треба да направиме армија од деца.
Во една од пораките таа му напишала „се гледаме наскоро“, а тој и одговорил „Едвај чекам повторно да те оплодам“.
Таа се породила во тајност.
H1B visas have been exploited to defraud our immigration system pic.twitter.com/UeAT0mm91H
— Ashley St. Clair (@stclairashley) December 26, 2024
Да потсетиме, Сент Клер неодамна објави дека пред пет месеци родила син, негово 13-то дете и дека планирала се да држи во тајност, но решила да им каже на сите откако дознала дека медиумите ќе ја објават нејзината приказна.
Според неа, нејзината романтична врска со Маск започнала околу мај 2023 година, а интимната средба се случила во јануари минатата година, кога детето било зачнато. Детето наводно било родено во септември 2024 година.
По породувањето, инфлуенсерката му испратила на Маск фотографија на која е со своето новороденче, а тој наводно одговорил: „Со нетрпение очекувам да те видам со него овој викенд“.