„zChocolat“ е француски бренд, познат по своите прекрасни премиум луксузни пакувања на чоколади…
Најновата колекција на луксузна чоколада спакувана на прекрасен начин е произведена во „Aix-en-Provance“ во Франција, од страна на наградуваниот уметник Паскал Кафет, кој на овој бренд му подари прекрасен изглед.
Секое парче чоколадо во кутијата е нумерирано и има префинет и различен вкус, потсетувајќи на француските екпериментирања со вкусовите.
Ваквата кутија полна со чоколади од брендот „zChocolat“ ќе ве чини 1.490 американски долари.