19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви опции има ЕУ да одговори на царините на Трамп?

Какви опции има ЕУ да одговори на царините на Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик, што ќе влијае на 1 отсто од европскиот извоз во САД. Според пресметките на аналитичката единица на холандската банка „ING“, оваа акција ќе предизвика европските производители на челик да загубат 3 милијарди евра, а за алуминиум околу 2 милијарди евра.

Трамп воведе и реципрочни царини, за кои сѐ уште се водат анализи како тие ќе влијаат на европскиот извоз.

Но, и Европа има свој одговор, пишува „ING“. Според аналитичарите, од есента во Брисел се подготвуваат списоци за можен одговор на трговската војна од страна на САД. Ова е најдобро чуваната тајна на Европската комисија (ЕК) и никакви детали од овие планови никогаш не станаа јавна информација.

ЕК е директно одговорна за трговските односи на заедницата, но дури и тогаш тоа можеби нема да биде доволно за брз одговор. Сепак, тука има една придобивка од бавната машина на Брисел – во 2018-та година, како одговор на тогашните тарифи на Трамп за челик и алуминиум, ЕУ за возврат воведе мерки за увоз на соја, сок од портокал и мотоцикли. Тие не беа укинати, туку одложени до 31-ви март 2025-та година, што значи дека може брзо да се активираат.

Брисел може да ја ограничи продажбата на стоки во САД со извозни давачки. Во 2022-ра година беа идентификувани 22 европски стоки од клучно значење за американската економија – главно од хемиската и фармацевтската индустрија. „ING“ забележува дека ова може да биде потпора за Брисел, но треба да се земе предвид дека и Вашингтон би можел да одговори реципрочно.

Аналитичарите се категорични – во овој случај Доналд Трамп не бара добра зделка, туку дополнителен приход со кој ќе ги финансира даночните намалувања и ќе го поткопа економскиот конкурент. Тие потсетија дека за време на претходниот мандат на Трамп, ЕК вети дека ќе купи повеќе течен гас и соја, а со тоа ги избегна царините за автомобилите. Европа сега е најголемиот пазар за американските производители на течен гас, но земјите немаат многу избор по исклучувањето на гасоводот од Русија.

Веројатно е дека рачката за течен гас сега тешко може да се користи, пишува „ING“, додавајќи дека друга опција е ветувањето за повеќе набавки на американско оружје и зголемување на трошоците за одбрана – од 2% на 3% или дури 4%.

ЕУ има можност и да ги намали царините за американските автомобили – тарифата за увоз на европски автомобили во САД е 2,5%, а увозот на американски автомобили во Европа се оданочува со 10%. Сепак, тоа ќе значи дека и другите земји мора да ги добијат истите услови, според правилата на Светската трговска асоцијација (СТО).

Можност за реакција дава и воведувањето данок на дигитални услуги.

„ING“ известува дека ЕУ е подобро подготвена за политиките на Доналд Трамп, но успехот во голема мера зависи од брзиот и координиран одговор од Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП