27 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан ја најави 13-та пензија за унгарските пензионери

Орбан ја најави 13-та пензија за унгарските пензионери

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека унгарските пензионери ќе добијат 13-та пензија.

„Ова е голем успех за кој работат сите учесници во унгарската економија секој ден“, рече Орбан во видео пораката на Фејсбук.

Тој додаде дека има противење на воведувањето на 13-та пензија, вклучително и „бирократи од Брисел, унгарски економисти и опозицијата која би сакала да ја укине“, пренесува Мина.

Орбан истакна дека неговата влада во 2010 година поставила цел да изгради земја во која ќе се ценат постарите граѓани, а 13-тата пензија е израз на таа благодарност.

Тој додаде дека додека е неговата влада на власт, сите пензионери ќе можат да бидат сигурни дека ќе биде исплатена 13-тата пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП