Цената на златото расте до рекордни нивоа, а побарувачката е најголема од страна на најголемите економии, како САД. Во колумна насловена „ Сите лаги за рудниците (3): Златото, рудниците и вистината што ни ја кријат“ аналитичарот и рударски инженер Виктор Грозданов прашува што прави Македонија со своите рудни богатства?
„Во Македонија, законот за минерални суровини е скроен на начин што оневозможува развој на нови рударски капацитети преку модерни технологии. Оваа измена, која беше изгласана во Собранието, внесува нестабилност за потенцијалните инвеститори и ја оддалечува Македонија од економските придобивки кои можат да се реализираат преку паметно управување со рудните богатства. Современите технологии овозможуваат екстракција на злато со различни методи како што се хлоридни, цијанидни и тиосулфатни раствори. Примената на нови, еколошки методи, како што е тиосулфатната постапка, може да биде клучот за развој на оваа индустрија во Македонија. Што треба да направи Македонија? Македонија мора да се фокусира на паметно искористување на своите ресурси, без да дозволи манипулации од страна на политички и економски интереси, како онаа група лажни еко активисти, кои работат против националниот развој“, пишува Грозданов во колумната.

