18 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНовиот начин на мерење на аерозагадувањето го „прочисти“ воздухот во Македонија, ама...

Новиот начин на мерење на аерозагадувањето го „прочисти“ воздухот во Македонија, ама само на хартија!

Надлежните објавија мерења и подагтоци за квалитетот на амбиенталниит воздух, со кои не се сложуваат само екологистите и активистите, туку и поголемиот дел од населението. Не треба некој да ни кажува каков воздух дишеме или дали надвор е загадено. Ова се најчетите реакции на граѓаните кога станува збор за аерозагадувањето во земјава. Никој или не сака да помогне или едноставо не знае како. Од година во година се зголемува бројот на прерано политани од дишење на отровен воздух. Инспекторите велат правиме зачестени контроли.

„Со измените на Европската унија на Директивата за квалитет на амбиентниот воздух, од последните податоци за 2024 година, само Лазарополе влегува во законските рамки за дозволени концентрации на PM10.  Доволно податоци нема за Кочани, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Берово и Велес. После Лазарополе, воздухот е најдобар во просек во Миладиновци, потоа во Ѓорче Петров и Гази Баба во Скопје, па Охрид, Карпош во Скопје. Најлош воздух имаат Кичево, Струмица и Лисиче во Скопје, а по нив е Кавадарци. Потребно е намалување на концентрациите на PM10 од 30% до 60%, зависно од мерното место за да се доведат до новите гранични вредности на ЕУ. До сега, во однос на максималните измерени концентрации од 2005 година наваму, вредностите во 2024 се намалени помеѓу 10% до 71%, зависно од мерното место. Најголем број на мерни места, кои имаат податоци од 2005 г., имаат намалување околу 50% до 60%. Најзагадено било во 2005-2007, 2011-2012 и 2015 за Тетово. Оттогаш наваму загадувањето со PM10 се намалува“, Се наведува во рескцијата на О2 Иницијативата.

На крајот на ланската година од ова еколошко здружение излегоа со алармантни податоци во кои се наведува бројот на прерано починати поради аерозагадувањето во Европа. Информациите покажуваат дека во земјава, во 2022 година, 3,600 прерано починале поради хронична изложеност на PM2.5, 330 поради хронична изложеност на NO2 210 поради акутна изложеност на озон. Тоа што треба, а никој не покажуав дека е загрижен од страна на креаторите на политиките е податокот која ја става Македонија  на самиот врв во Европа по број на починати поради изложеност на PM2.5, со 303 лица на 100,000 жители во ризик. Поприлично оддалечена, на второ место е Босна со 258, потоа Косово со 254 и Србија со 228.

„За споредба Франција има 48, Германија 55, Данска 31 починати на 100,000 жители во ризик. Ние имаме 5, 6, 10 пати поголема смртност поради аерозагадувањето со PM честички од голем број на земји во Европа. Конкретни мерки кои ќе ги намалат изворите на аерозагадување соодветно на алармантите бројки, нема. Ниту на централно, ниту на локално ниво. Нашите предлози за амандмани на буџетот во таа насока не беа предложени комисиски од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието која го разгледуваше Буџетот за 2025 година. Никој од пратениците не ги предложи. Ни позиција, ни опозиција.  Во минатите години, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција бараа средства од буџетот за оваа намена, но сега од позиција на власт, не. Остануваат само некоординираните изјави што ќе се направи во текот на 2025 на ова поле. Со немање на јасни, прецизни мерки и конкретни буџетски средства за истите, повторно се губи уште една година во низата без ефективни мерки за намалување на аерозагадувањето“, велат од О2.

Податоците пак кои ги објави ресорната институција а, согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, покажува дека Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Во овие контроли според извештајот утврдени се 300 неправилности,  со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање.

„Реализирани се повеќе вонредни инспекциски увиди на територијата на целата држава на барање на Министерството за внатрешни работи во делот на управувањето со отпад, со цел сузбивање на нелегални дејствија при постапување со истиот. Контролите се  реализирале во соработка со Царинската Управа, Државниот пазарен инспекторат и Управата за Јавни Приходи и други релевантни институции. Во текот на 2024 година добиени се вкупно 72 претставки од граѓаните по пат на достапните начини на комуникација – Фејсбук Месинџер и Веб-Пријави. Во однос на претходните два шестмесечни периоди од 2023 година бројот на претставките е намален, благодарение на превентивното постапување на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, во рамки на редовните планирани инспекциски надзори, односно редовното информирање на јавноста преку каналите за информирање за тоа за кој вид на проблем каде да се обраќаат.Од вкупно примените 72 претставки, 3 биле наменети за инспекторите во ДИЖС, сите останати 69 претставки се однесувале на постапување на општинските/овластените инспектори за животна средина, како и на општинските/овластените комунални инспектори за комунални работи. Најчесто претставките се однесувале на управување со отпад, палење на отпад/стрништа на јавни површини, бучава од угостителски објекти, непријатна миризба од чување домашни животни, атмосферски канал, септичка јама и канализација“, се наведува во соопштението.

Властите сега најавуваат системско решение за справувањње со загадениот амбиантален воздух, за кое ќе бидат потребни најмалку пет години. Вакви ветувања има од секоја влада која доаѓа на Илинденска број два, но подобрување на состојбите нема. И натаму Скопје и останатите поголеми градови низ државата редовно се наоѓаат високо на листата на ннајзагадени градови во светот. 

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП