22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДали сте слушнале за витаминот У? Го има во многу зеленчуци, а...

Дали сте слушнале за витаминот У? Го има во многу зеленчуци, а еве зошто е многу важен

Покрај тоа што е додаток во исхраната, витаминот У го има во многу намирници, особено во зеленчукот.

Храна која е особено богата со витамин У се зелка, брокула, репка, кељ, спанаќ, домати и моркови.

Овој витамин најчесто се поврзува со дигестивни проблеми, го зајакнува имунитетот, штити од алергии и го забрзува зараснувањето на раните.

Витаминот У(S-метилметионин) има неколку корисни својства, особено за заштита на дигестивниот систем. Сепак, неговата улога се протега и во други области на здравјето.

Придобивките од витаминот У

За здравје на желудникот и цревата

-Третман на чир – помага во регенерација на слузницата на желудникот и може да го забрза заздравувањето на чир на желудникот и дуоденумот.
-Ја намалува киселоста – може да ги ублажи симптомите на гастритис и рефлукс.
-Помага при синдром на нервозно дебело црево (IBS) – може да има смирувачки ефект врз цревата.

Детоксикација и здравје на црниот дроб

-Промовира елиминација на токсините – ја поддржува функцијата на црниот дроб и детоксикацијата на телото.
-Го намалува оксидативниот стрес – делува како антиоксиданс и може да помогне во заштитата на клетките на црниот дроб.

Поддршка на имунолошкиот систем

-Има антиинфламаторно дејство – може да ги намали воспалителните процеси во телото.
-Помага за регенерација на ткивата – го поддржува заздравувањето на раните и поправката на оштетените клетки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП