22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската централна банка ја намали основната каматна стапка како што се очекуваше

Британската централна банка ја намали основната каматна стапка како што се очекуваше

Британската централна банка денеска очекувано ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,5 отсто. Така, каматната стапка е на најниско ниво од јуни 2023 година.

Банката ја преполови и прогнозата за овогодинешниот економски раст во Велика Британија на 0,75 отсто, пренесува француската новинска агенција АФП.

Министерката за финансии Рејчел Ривс го поздрави третото намалување на каматните стапки за шест месеци како добредојдена вест која ќе помогне да се намалат притисоците врз трошоците за живот и да им се олесни на компаниите да се задолжуваат за раст.

Седум членови на управниот одбор на банката гласаа за намалување од 0,25 процентни поени, додека останатите двајца бараа намалување за половина процентен поен.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, рече дека централната банка внимателно ќе ја следи состојбата на економијата и она што се случува во светот и „ќе преземе постепен и внимателен пристап кон дополнителното намалување на каматните стапки“.

Банката, исто така, ја намали прогнозата за економскиот раст на Велика Британија оваа година. Според новата проценка на банката таа ќе биде 0,75 отсто, додека во ноември предвидуваа раст од 1,5 отсто. Меѓу причините за ваквото намалување беа американските закани за воведување дополнителни царини и влошената економска доверба на Островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП