26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените се повеќе основаат фирми

Жените се повеќе основаат фирми

france1

Во Франција, жените се повеќе основаат фирми, објави францускиот Институт за статистика (INSEE), наведувајќи дека минатата година 38 проценти од новоформираните фирми ги основале жени.

Од декември минатата година, на чело на Здружението за поддршка на претприемништвото повеќе не е претседател, туку претседателката Фредериција Клавел, што е дефинитивно позитивен сигнал кој е упатен кон жените за да ги потсети дека претприемништвото не е само за мажи, пишува францускиот „20 Minit“.

Врз основа на податоците од „INSEE“, во 2012 година, дури 38 проценти од индивидуалните компании ги покренале жени, во споредба со 34 проценти кои беа забележани пред десет години. Тие, исто така, сочинуваат 60 проценти од новите менаџери на фирмите во 2012 година, во областа на образованието, здравството и социјалните активности, како и 57 проценти во секторот на домашните услуги.

Во последните години, развојот на социјалните мрежи и на женските клубови за поттик на претприемништвото, кои денес во Франција се најбројни (50), придонесоа за охрабрувањето на жените да се вклучат во оваа бизнис авантура, објаснува Ксавиер Кергал, генералниот директор на Саемот за претприемништво, кој ќе се оддржи во Париз на 6 и 7 февруари 2013 година.

Просторот за понатамошен развој на овој сегмент е сеуште широк. Според истражувањата, 28 проценти од жените во Франција велат дека имаат намера да основаат компанија.

Меѓутоа, треба да се подобри пристапот, до финансиските фондови и Владата треба да обезбеди дополнителна, специфична помош за проектите кои се предводени од жени, смета Кергал.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП