Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека земјата ќе воведе царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари (102,7 милијарди евра) увезени во Канада, како одговор на царините, исто така, од 25 отсто, наметнати од Соединетите држави.
Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс.

