19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Канада, Мексико и Кина, Трамп удри и на ЕУ: Најави воведување...

По Канада, Мексико и Кина, Трамп удри и на ЕУ: Најави воведување царини за увоз, не е загрижен за реакциите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пред новинарите изјави дека има намера да воведе царини и за увоз од земјите на Европската унија.

Неговата портпаролка Керолин Левит на брифинг вчера потврди дека од 1 февруари ќе бидат воведени увозни царини од 25 отсто за Канада и Мексико, додека царината за Кина ќе биде десет отсто.

Трамп, исто така, додаде дека увозот на канадска сурова нафта, на кој во голема мера се потпира американскиот енергетски сектор, ќе има специфично ниво на царини од само 10 проценти.

„Ќе воведам царини за Европската унија. Апсолутно ќе наметнеме царини за увозот од ЕУ. Трошоците понекогаш се пренесуваат на потрошувачите. Не сум загрижен за реакциите. Ќе направиме нешто многу значајно по прашањето за царините со Европската унија“, рече Трамп.

Да потсетиме, Трамп претходно им рече на новинарите во Белата куќа дека наскоро ќе донесе одлука за царините за нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП