18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТаблетите и смартфоните го кренаа профитот на Lenovo

Таблетите и смартфоните го кренаа профитот на Lenovo

Кинескиот производител „Lenovo“ објави раст од 36 проценти на профитот за кварталот од јули до септември, а причината за тоа е поради зголемената продажба на таблети и паметни телефони.

Чистата добивка на компанијата изнесува 220 милиони долари. Продажбата на мобилни уреди се зголеми за двојно повеќе од истиот период од минатата година. Поради падот во продажбата на персоналните компјутери и лаптопи во светот,  „Lenovo“ сега се фокусира на мобилните уреди.

„„Lenovo“ не само што останува најголемата компанија за компјутери во светот, но веќе е и четврта во светот по продажба како на таблети, така и на паметните телефони, но продолжува забрзано да расте“, коментира Извршниот директор Јанг Јуангинг.

Според него компанијата очекува и раст на пазарот на компјутери, а уверени се дека ќе успеат да ги искористат можностите. Околу 40 проценти од приходите на „Lenovo“ се од кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП