8 февруари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБојкотот успеа, хрватите драстично го намалија прометот во продавниците

Бојкотот успеа, хрватите драстично го намалија прометот во продавниците

Даночната управа објави нови податоци кои покажуваат каков е одзивот на граѓаните на бојкотот на продавниците поради високите цени.

Според вкупните податоци до 16 часот, прометот е намален за 29 отсто во однос на минатиот петок, додека износот на сметката исто така е помал, за 31 отсто.

Во продолжение целосниот текст од соопштението на Даночната управа на Хрватска.

„Со оглед на големиот интерес на јавноста објавуваме податоци од системот за фискализација во кои се вклучени бројот и висината на фактурите. Податоците за датумите 24.01.2025, 17.01.2025 и 19.01.2024 од 00:00 до 16:00 часот за Сите дејности и дејности Г-47 – Трговија на мало освен трговија со моторни возила и мотоцикли.

Во петок, 24 јануари 2025 г. од 00:00 до 16:00 часот вкупниот број на фискализирани фактури изнесува 3.549.613 фактури, а износот на сметката изнесува 55.041.349,77 евра, во петокот 17.01.2025 година од 00:00 до 16:00 часот вкупен број на фискализирани фактури изнесува 5.031.265 фактури, а износот на сметката 80.117.967,56 евра, додека во петокот, 19.01.2024 г. од 00:00 до 16:00 часот вкупниот број на фискализирани фактури изнесувал 4.282.459 фактури, а износот на сметката 62.230.748,75 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП