10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудискиот принц му вети на Трамп 600 милијарди долари инвестиции во Америка

Саудискиот принц му вети на Трамп 600 милијарди долари инвестиции во Америка

Престолонаследникот на Саудиска Арабија изјави дека кралството планира да инвестира 600 милијарди долари во САД во следните четири години.

Коментарите доаѓаат откако претседателот Доналд Трамп смета дека прво патување во странство треба да биде во Саудиска Арабија.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман ја изразил оваа намера за време на телефонскиот разговор со Трамп, објави во четвртокот државната саудиска агенција за печат, пренесува Индипендент.

„Престолонаследникот ја потврди намерата на кралството да ги зголеми инвестициските и трговските односи со Соединетите држави во следните четири години, во вкупна вредност од 600 милијарди долари и потенцијално повеќе“, се вели во извештајот, без да се прецизира на кои сектори ќе бидат насочени инвестициите.

Во последниве години, САД станаа помалку зависни од извозот на саудиска нафта, кој беше основа на меѓусебните односи со децении. Саудиските суверени богати фондови веќе презедоа големи удели во американските компании и покажуваат зголемен интерес за спортски инвестиции.

Од Белата куќа нема веднаш коментар за разговорот. Исто така, не е јасно дали овој разговор бил првиот контакт на Трамп со странски лидер откако тој повторно ја презеде функцијата претседател. Сепак, ова беше прв меѓународен извештај за таков контакт.

Принцот престолонаследник, де факто владетел на Саудиска Арабија, разговараше и со американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот.

Во понеделникот, неколку дена по неговата инаугурација, Трамп ја спомена можноста да ја повтори посетата на Саудиска Арабија како прво патување во странство, слично на она што го направи во 2017 година.

„Првите патувања во странство обично беа во Обединетото Кралство, но минатиот пат ја избрав Саудиска Арабија затоа што тие се согласија да купат наши производи во вредност од 450 милијарди долари“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Ако Саудиска Арабија сака да купи уште 450 или 500 милијарди долари – прилагодувајќи се на инфлацијата – мислам дека веројатно би отишол повторно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП