19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и крипто: Реши прво да се задоволи самиот себе

Трамп и крипто: Реши прво да се задоволи самиот себе

Криптовалутата на Трамп поскапе само неколку дена по нејзиното лансирање, достигнувајќи пазарна вредност од десет милијарди долари.

Монетата $Trump се појави на пазарот во петокот, во саботата вредеше помалку од 10 долари, а во понеделникот имаше добри 74 долари. Пазарната вредност на монетата, која нема употребна вредност и е класична меме-монета, на тој начин надмина десет милијарди долари. Во вторникот се тргуваше нешто над 40 долари. И Меланија Трамп ја пушти својата монета $Melania (исто така на мрежата Солана), чија пазарна вредност достигна две милијарди долари.

Крипто индустријата не е импресионирана, а критичарите укажуваат и на конфликт на интереси. Имено, Трамп ја запалува индустријата за криптовалути, ветувајќи дерегулација и американска доминација во овој сектор, а попатно сака да профитира на сметка на масите со издавање на свои меме монети. Накратко, не недостасуваат етички и морални проблеми.

Конечно, интересно мислење од високо почитуваниот инвеститор, милијардерот Стенли Дракенмилер. Тој е убеден дека враќањето на Трамп на претседателската функција донесе нов бран на шпекулативен ентузијазам, но и позитивен став во американските компании.

„Во овој бизнис сум 49 години и веројатно одиме од анти-бизнис администрацијата во Америка во друга насока. Разговарав со многу извршни директори и има чувство на олеснување и возбуда”, изјави Дракенмилер за CNBC, претпазлив во кој правец ќе оди пазарот.

Акциите би можеле да пораснат. Тој е загрижен за високите приноси на обврзниците, па затоа ги задржува своите кратки позиции на обврзниците, што значи дека очекува цените на обврзниците да паднат и потребните приноси да се зголемат. Да додадеме дека Дрaкенмилер поддржува малку повисоки царини и нагласува дека САД ќе имаат корист од тоа со повисоки буџетски приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП