Аргентинските власти дозволија цените на стоките и услугите да бидат наведени во долари, според прописот објавен од Министерството за економија.
„Покрај пезоси, цените може да бидат прикажани и во американски долари и други странски валути“, се наведува во документот.
Аргентинскиот министер за економија Луис Капуто објави на X дека купувачот ќе може да избере во која валута да плати.
Сепак, нема индикации за курсот по кој цените треба да се изразуваат во долари.
Во Аргентина има официјални и паралелни курсеви на црниот пазар. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој дојде на власт во декември 2023 година, вети политика на „доларизација“ во Аргентина за време на неговата изборна кампања.
Да потсетиме дека аргентинската економија излезе од рецесија откако забележа квартален раст од 3,9 отсто во третиот квартал од 2024 година, што е подобро од прогнозите на аналитичарите, кои очекуваа раст од 3,4 отсто.
Importante 👇
— totocaputo (@LuisCaputoAR) January 16, 2025
A partir de mañana, los precios de bienes y servicios podrán mostrarse en dólares estadounidenses o en otra moneda extranjera, además de figurar en pesos, indicando el importe total y final que debe abonar el consumidor.
La norma también prevé que los…
Аргентинскиот претседател Хавиер Милај, кој беше избран на функцијата во ноември минатата година, им вети на гласачите дека ќе стави крај на сиромаштијата и хиперинфлацијата со драстични мерки како што се значително намалување на бројот на државни службеници и замрзнување на јавните проекти.
Новите мерки доведоа до пад на животниот стандард на населението и губење на стотици илјади работни места во Аргентина. Сепак, платите почнаа да ја надминуваат инфлацијата, работните места постепено се обновуваат, а нивото на сиромаштија се намалува.