26 април, 2025
ПочетнаСВЕТАвстралиски новинар му се извини на Новак, Маск го пофали српскиот тенисер...

Австралиски новинар му се извини на Новак, Маск го пофали српскиот тенисер (ВИДЕО)

Австралискиот спортски новинар Тони Џонс од Канал 9, кој ги исмејуваше српските навивачи во Мелбурн и го навредуваше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се извини за неговата постапка, наведувајќи дека неговиот „хумор“ бил погрешно протолкуван.

Џонс рече дека неговиот „хумор“ е протолкуван како напад на Новак, „што не е така“, додавајќи дека тој се шегувал со српските навивачи во текот на целиот турнир и дека тоа е продолжение.

„Ако ја гледате нашата утринска емисија, ќе добиете идеја за тоа како работиме. Во ниту еден момент не сакав да не го непочитувам Новак и се извинувам за тоа. Сигурно не беше намера да го навредам“, рече Џонс.

Џонс за време на еден од своите настапи го навредуваше Ѓоковиќ пред српските навивачи, а после тоа не се огласи, што предизвика револт кај најдобриот тенисер на сите времиња.

Затоа, по победата над Јиржи Лехечак, Ѓоковиќ одби да одговори на прашањата на Џим Куриер на теренот и само кратко им се обрати на навивачите, заблагодарувајќи им се за поддршката.

Српскиот тенисер подоцна објасни дека го искористил овој гест за да го изрази својот револт кон Тони Џонс бидејќи не се извинил за своите скандалозни коментари.

Џонс е вработен во Канал 9, кој исто така ги има ТВ правата за натпреварите на Австралија опен.

Многу тенисери проговорија за скандалозниот потег на Џонс, а најбогатиот човек на светот Илон Маск јавно го поддржа Новак Ѓоковиќ, што се гледа од пораката што ја напиша како одговор на говорот на Новак.

Многу е подобро само директно да и се обратите на јавноста отколку да поминете низ филтерот на негативност од официјалните медиуми“, напиша сопственикот на социјалната мрежа „Х“.

Ноле накратко додаде: „Така е“.

Србинот претходно обезбеди пласман во четвртфиналето каде противник ќе му биде шпанскиот натпреварувач Карлос Алкараз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП