13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната продолжи да расте во декември

Инфлацијата во еврозоната продолжи да расте во декември

Годишната инфлација во еврозоната се зголеми на 2,4 отсто во декември, од 2,2 отсто во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,9 отсто.

Во Европската унија инфлацијата во декември беше 2,7 отсто во однос на декември минатата година, додека пред 12 месеци годишната инфлација беше 3,4 отсто, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија.

Најниска годишна стапка на инфлација е забележана во Ирска (еден отсто), Италија 1,4 отсто и Луксембург, Финска и Шведска 1,6 отсто.

На другата страна беше Романија со пораст на цените од 5,5 отсто, Унгарија со инфлација од 4,8 отсто и Хрватска со 4,5 отсто.

Во однос на ноември, цените пораснале во 19 земји, во една останале стабилни, а во седум паднале.

Најголем придонес во растот на цените во декември имаат услугите, а потоа храната, алкохолот и тутунот. Значително помал придонес имаат цените на индустриските производи, а придонесот на енергијата е само 0,01 процентен поен.

Базичната инфлација, без цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот во еврозоната, изнесуваше 2,7 отсто.

Најниско ниво на годишна инфлација во еврозоната е забележано во септември – 1,7 отсто, а во следните четири месеци индексот на потрошувачките цени бележи раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП