26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoogle ги наградува младите кои го „менуваат светот“

Google ги наградува младите кои го „менуваат светот“

googlein1

Интернет гигантот „Google“ го промовираше Саемот за научни иновации, отворен за младите луѓе кои го „менуваат светот“.

На овој натпревар, трет по ред, до 30 април можат да се пријават сите млади луѓе на возраст од 13 до 18 години од целиот свет. Победниците ќе бидат избрани од жирито, кое се состои од научници и иноватори.

Заинтересираните можат да се пријават на www.googlesciencefair.com

„Многу големи научници на рана возраст покажале интерес за науката, токму тие денeс се заслужни за голем број на откритија кои имаат влијание врз нашиот начин на живот“, вели Сем Питер, задолжен за натпреварот на „Google“.

Претходните добитници на наградата го „променија светот“, со своите идеи за рана дијагноза на ракот, истражувањата во подводниот екосистем и начинот за слушање на музика за лицата со оштетен слух.

Победниците чии имиња официјално ќе бидат објавени на 23 септември, ќе добијат стипендија од 50.000 долари и патување на островите Галапагос со телевизијата „National Geographic“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП