Германската економија повторно ја заврши годината во рецесија, со пад на бруто домашниот производ за 0,2 отсто, објави во средата Дестатис.
Според прелиминарните податоци, БДП падна за 0,1 отсто во последниот квартал од 2024 година во однос на претходниот.
Германија долго време се бори со растот на цените на енергијата, инфлацијата и слабата домашна побарувачка.
Глобалниот пад на интересот за германските производи силно ја погодува домашната економија ориентирана кон извоз.
Клучните индустриски сектори како што се хемиската и автомобилската индустрија се на удар, а под притисок на загубите, тие планираат отпуштања и други мерки за штедење.
Неуспехот ги поттикнува стравувањата дека германската индустриска база ја губи битката против жестоката меѓународна конкуренција и се лизга во долга рецесија.
Економските тешкотии и неопходното преструктуирање се високо на агендата пред предвремените избори за Бундестагот на 23 февруари.