19 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуѓето бесни на Леонардо ди Каприо за еден потег: „Каков лицемер!

Луѓето бесни на Леонардо ди Каприо за еден потег: „Каков лицемер!

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо е уште една позната личност која го напушти Лос Анџелес поради пожарите.

Актерот е снимен како слетува во Мексико во приватен авион со неговата девојка Виторија Серети.

Овој негов потег предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и гнев во јавноста.

„Навистина? Леонардо, барем биди доследен“, напишал еден корисник, бидејќи Ди Каприо е еколошки активист.

На социјалните мрежи се шират прозивки и погрдни зборови за потегот на актерот.

„Типично однесување за лицемер кој не се грижи за моменталната ситуација“, „Каков лицемер, користење на приватен авион додека не престанат пожарите во Л.А.“, „Срамота“, пишуваат други.

Да потсетиме, Ди Каприо со години учествува во различни кампањи за заштита на животната средина, а во описот на неговиот Инстаграм профил заедно со името на актерот стои дека е еколошки активист. Затоа на многумина им пречела неговата одлука да користи приватен авион кој троши големи количини гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП