Туристите од Турција, Грција, Србија и Бугарија биле најбројни кои ја посетиле Македонија во ноември 2024 година.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесува 14.193, од Србија 3.790, од Грција 3.561 и од Бугарија 3.396.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2024 година изнесува 66 701, од кои 31.6 % се домашни туристи, а 68.4 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесува 138 226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 13.8 %.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %.