КОМПАНИИ

Adecco го зголеми профитот за 60 проценти

adecco1

Најголемата светска агенција за вработување „Adecco“ ја зголеми својата рентабилност во третиот квартал од 2013 година, и покрај намалувањето на приходите.

Оваа швајцарска компанија специјализирана за човечки ресурси во третиот квартал оствари нето профит од 191 милиони евра, што е раст од 61 процент во однос на истот квартал од 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Оперативниот профит е зголемен за 33 проценти, на 263 милиони евра, додека во постојните курсеви растот изнесуваше 41 процент.

Вкупните приходи во третиот квартал изнесуваа 5,03 милијарди евра што е пад од пет проценти на годишно ниво, иако во постојните курсеви тие останаа стабилни.