16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на бројот на вработени во САД на крајот на 2024 година,...

Раст на бројот на вработени во САД на крајот на 2024 година, дополнителна причина за претпазливост на ФЕД

Бројот на вработени во САД неочекувано се зголеми во декември минатата година, а стапката на невработеност падна на 4,1 отсто. Овој позитивен развој на пазарот на трудот сугерира дека Федералните резерви (ФЕД) ќе ги задржи каматните стапки непроменети на состанокот овој месец.

И во извештајот на Министерството за труд за декември се забележува пад на бројот на лица кои останале без работа, како и скратување на просечното времетраење на невработеноста.

Повнимателниот пристап на Банката на федерални резерви кон дополнително намалување на каматните стапки дополнително е поддржан од ситуацијата на пазарот на трудот, откако таквото размислување беше под влијание на загриженоста за обновениот пораст на инфлацијата поради најавата на идниот американски претседател Доналд Трамп за воведување тарифи и депортирање недокументирани имигранти.

Гледајќи ја целата 2024 година, вработеноста во САД забави бидејќи работодавците, според Министерството за труд, отвориле 2,2 милиони работни места, што е за 30 отсто помалку од претходната година, пренесува агенцијата Хина.

Месечниот просек во 2024 година изнесува 186 илјади нови работни места, наспроти 251 илјади во 2023 година.

Во декември бројот на отворени работни места достигна 256 илјади, по 212 илјади во ноември и само 43 илјади во октомври. Очигледно е дека во последните два месеци од 2024 година има пресврт на претходниот негативен тренд во текот на годината.

Најголем број вработени во декември имало во секторите здравство и малопродажба.

Инаку, во јавниот сектор се отворени 33 илјади работни места, а во приватниот 223 илјади.

Бројот на невработени во последниот месец од минатата година изнесува 6,9 милиони, што е 4,1 отсто наспроти 3,7 отсто или 6,3 милиони на крајот на 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП