18 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен уникатен лаптоп со екран кој се зголемува (ВИДЕО)

Претставен уникатен лаптоп со екран кој се зголемува (ВИДЕО)

„Lenovo“ го претстави уникатниот лаптоп „ThinkBook Plus Gen 6“ на саемот за електроника „CES 2025“ во Лас Вегас.

Станува збор за лаптоп со „OLED“ екран кој се шири или се расплетува нагоре со притискање на копче, менувајќи ги неговите карактеристики.

На прв поглед, тоа е релативно скромен лаптоп со дијагонала од 14 инчи и резолуција од 2000×1600 пиксели, но со притискање на копче или кревање рака кон веб камерата се активираат моторите вградени во шарката на лаптопот, па екранот се крева и се зголемува за 10 секунди.

Зголемениот екран има проширена резолуција од 2000 x 2350 пиксели и дијагонала од 16,7 инчи, пренесува порталот „Verge“.

Новиот лаптоп ќе биде пуштен во продажба во јуни за огромни 3.500 долари, но рецензентот рече дека „ја сака необичноста на тоа“ и фактот дека клиентите наскоро ќе можат да добијат нешто толку уникатно за секојдневните задачи како работа на екстремно високи маси или за гледање два филма истовремено во класичен формат 16:9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП