26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаба побарувачка на кредити во еврозоната

Слаба побарувачка на кредити во еврозоната

eu111111

Европската централна банка (ЕЦБ), соопшти дека побарувачката за банкарски кредити од страна на бизнис секторот во еврозоната и понатаму е слаба, бидејќи компаниите немаат потреба за финансирање на нови инвестиции во основните средства, како што се згради и машини, кои се клучна компонента за закрепнување.

Истражувањето, кое ги опфати директорите за кредитирање во 131 банка, покажа дека банките продолжиле да ги заоструваат условите за кредит.

Истовремено, банките известија за поголема достапност на средствата од депозитите и кредитите, што значи дека банкарскиот систем се смета за повеќе доследен.

ЕЦБ во еврозоната во оваа година очекува пад на економската активност за 0,3 проценти, но се надева дека закрепнувањето ќе започне во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП