21 јануари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија останува без гас: Нема ни за една недела потрошувачка

Британија останува без гас: Нема ни за една недела потрошувачка

Компанијата Центрика, која управува со најголемите складишта за гас во Британија, рече дека нивоата на складирање гас во земјата се „загрижувачки ниски“, при што складиштата имаат доволно гас за да ја задоволат потрошувачката на земјата за помалку од една недела, по студениот бран.

„Од 9 јануари, резервите на гас во Обединетото Кралство се за 26 отсто пониски од минатогодишните нивоа, што значи дека складиштата се половина полни. Тоа значи дека Британија има гас што е доволен за помалку од една недела”, соопшти компанијата, пренесува Ројтерс.

Британија во голема мера се потпира на гас за греење на домаќинствата, а исто така користи значителна количина на гас за производство на електрична енергија.

Складиштата за гас “Rough”, кој се наоѓа на истокот на Англија и сочинува околу половина од капацитетот за складирање гас во земјата, престана да складира гас во 2017 година, но повторно беше отворен во 2022 година со помал капацитет поради глобалната енергетска криза по почетокот на војната во Украина.

Центрика рече дека може да инвестира 2,46 милијарди долари во модернизирање на објектот до максимален капацитет, но бара владина поддршка за да го направи рентабилно.

За разлика од Европа, Британија нема задолжителна цел за складирање на гас, која беше усвоена во Европа по скоковите на цените и стравувањата од недостиг за време на енергетската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП