Кина во четвртокот објави дека нејзината официјална истрага открила дека Европската унија наметнала неправедни „трговски и инвестициски практики“ против Пекинг, пренесува ФЕНА.
Официјалните лица ја објавија истрагата во јули, откако Брисел почна да испитува дали кинеските државни субвенции ја поткопуваат европската конкуренција.
Официјален Пекинг постојано негира дека неговите индустриски политики се неправедни и се заканува дека ќе преземе мерки против ЕУ за заштита на законските права и интереси на кинеските компании.
Министерството за трговија во четвртокот соопшти дека имплементацијата на Регулативата за странски субвенции на Европската унија (ФСР) ги дискриминира кинеските фирми и „става трговски и инвестициски бариери“.
Сепак, не беше споменато дали Пекинг планира да преземе акција како одговор, пренесува АФП.