29 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВо Јапонија на аукција продадена црвена туна на пазарот за речиси 1,3...

Во Јапонија на аукција продадена црвена туна на пазарот за речиси 1,3 милиони евра

Црвена туна беше продадена во Јапонија за речиси 1,3 милиони евра, за време на традиционалната новогодишна аукција на туна во Токио.

Престижниот суши-ресторан Онодера Груп со ѕвезда на Мишелин плати 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра) за рибата тешка 276 килограми, уловена во Ома во северната префектура Аомори.

„Се верува дека првата туна носи среќа“, изјави директорот на ресторанот Шинџи Нагао за новинарите по аукцијата.

„Сакаме луѓето да јадат туна и да имаат прекрасна година“, додаде тој.

Рекордна цена за туна на аукција во Јапонија беше постигната во 2019 година. Тогаш рибата се продавала за 333,6 милиони јени (2,7 милиони евра), а тежела 278 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП