10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на прометот во германската малопродажба

Остар пад на прометот во германската малопродажба

kesi1

Прометот во германската малопродажба неочекувано се намали во декември, со што беше прекинат скромниот раст од претходниот месец, покажаа службените податоци.

Прометот во последниот месец од минатата година падна за 1,7 проценти во споредба со ноември, покажаа прелиминарните податоци од заводот за статистика „Destatis“, кои се прилагодени за ценовните, сезонските и календарските фактори.

Аналитичарите очекуваа скромен раст, од само 0,2 проценти, по растот од 0,6 проценти во ноември.

На годишно ниво прометот е намален за 4,7 проценти. Причината за тоа е помалиот број на работни денови во декември 2012, во споредба со истиот месец во 2011 година, велат статистичарите.

Во цела 2012 година прометот во малопродажбата е намален за 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП