Во просек околу 46,1 милиони луѓе биле вработени во Германија во 2024-та година, што е најголем број од обединувањето на Германија, покажуваат бројките на германската канцеларија за статистика.
Просечниот број на вработени во 2024-та година порасна за 72.000 луѓе во споредба со претходната година, покажува статистиката.
Освен пандемиската 2020-та година, бројот на вработени постојано се зголемува од 2006-та година на овој начин.
Сепак, темпото на раст на вработеноста е значително забавено од средината на 2022-ра година, покажуваат и податоците.
Зголемувањето за 72.000 лица вработени во 2024-та година, e проследено со поголем пораст од 622.000 во 2022-ра година и 336.000 во 2023-та година, според податоците на заводот за статистика.
Како и претходните години, растот на вработеноста во 2024-та се должи на имиграцијата на странски работници и поголемото учество на работната сила на локалното население.
Според заводот за статистика, овие два фактори ги неутрализираат негативните последици од демографските промени.
Услужниот сектор е единствениот придонесувач за растот на вкупниот број на вработени во 2024-та година при што 75,5% од сите вработени работат во овој сектор.
Во индустријата бројот на вработени е намален за 50.000 луѓе, а бројот на работници во градежната индустрија паднал за 28.000, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика.