22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните цени на храната паднаа за 2,1 отсто минатата година

Глобалните цени на храната паднаа за 2,1 отсто минатата година

Глобалните цени на храната паднаа за 2,1 отсто минатата година во споредба со 2023 година, покажуваат денеска објавените податоци од Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Посебно паднаа цените на житариците и шеќерот, а поскапеа растителните масла, млечните производи и месото.

Цените на житото паднаа во просек за 13,3 отсто минатата година, втор последователен пад, откако нивните цени се искачија на рекордно ниво во 2022 година под влијание на почетокот на руската инвазија на Украина.

Сепак, цената на оризот благо порасна, за 0,8 отсто, што е номинално највисоко ниво во последните 16 години. ФАО го припишува новото зголемување на силната побарувачка за увоз во некои земји во Азија и намалената конкуренција меѓу извозниците.

Шеќерот падна за 13,2 отсто, додека просечната цена на растителното масло порасна за 9,4 отсто поради ограничените глобални залихи, соопшти ФАО.

Цените на месото се зголемија за 2,7 отсто на годишно ниво, при што повисоките цени на говедско, овчо и живина ги неутрализираа пониските меѓународни цени на свинското месо.

Минатата година млечните производи поскапеа во просек за 4,7 отсто на годишно ниво, најмногу поради поскапувањето на путерот.

Просечните цени пресметани од ФАО, исто така, не се пренесуваат директно на цените на мало, бидејќи тие се под влијание на многу други фактори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП