
Овен (21.03 – 20.04)
Засега можете да очекувате мала пауза во работата, па посветете му се на одморањето бидејќи нема да имате премногу обврски. Можно е да ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале но не сте сигурни како да и пријдете.

Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекуваат големи проблеми на деловен план. Сепак, доколку не паничите се ќе успеете да решите. Постепено се одделувате од саканото лице и барате други прилики за љубов.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Недостаток на концентрација ќе ве следи во текот на целиот ден, па ќе бидете склони на правење на грешки на овој план. Во љубовта сте многу емотивни и многу ви значи на саканото лице да му покажете колку е тоа значајно за вас.

Рак (22.06 – 22.07)
Важно е да и се посветите на работата и доволно да обрнувате внимание на ситници. Немојте да правите пропусти. Не сте подготвени за врска на далечина иако имате емоции кон некое лице.

Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува прилика успешно да обавите некоја деловна задача и добро да го наплатите вложениот труд. Доколку продолжите да бидете ладни кон саканото лице, наскоро ве очекува разделување.

Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекуваат помали трошоци но без оглед на тоа генералната состојба на полето за финансии ви е стабилна. Во љубовта сакате да го направите првиот чекор кон лицето кое ви се допаѓа, но нешто ве спречува.

Вага (23.09 – 22.10)
Можете да сметате на помош од колегите. Нема причина да се грижите, сите задолженија ќе успеете да ги обавите во зададениот рок. Доколку ви се допаѓа некоја личност од работа, мали се шансите за врска со неа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Загрижени сте за своите финансии и сметате дека ви е потребен дополнителен извор на приходи за состојбата да ја доведете во ред. Во љубовта пред вас е средба со некое лице кое многу ви значи.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можете да очекувате опуштен ден во кој нема да имате премногу обврски. Покрај брачниот партнер го имате сето она што ви е потребно и задоволни сте. Слободните ќе се запознаат со ново лице.

Јарец (22.12 – 20.01)
Немате доволно доверба во деловните соработници, па не сакате на никого да му дозволите да ви се меша. Во љубовта се чувствувте добро покрај саканото лице кое ви пружа се што ви е потребно.

Водолија (21.01 – 19.02)
Во текот на денешниот ден најмногу ќе се занимавате со организација на трошоците бидејќи финансиите во моментот ви се во минус. Во љубовта нема да постапувате секогаш фер во комуникација со саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)
Подобро да почекате малку некои работи уште појасно да ви се прикажат, не донесувајте набрзина никакви одлуки. Во љубовта доколку сте во врска со Стрелец, ве очекуваат кавги.