19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот гас за Европа отсега пристигнува само преку „Балкански тек“

Рускиот гас за Европа отсега пристигнува само преку „Балкански тек“

Претставничката на Европската комисија (ЕК), Ана-Каиса Итконен изјави дека земјите-членки на ЕУ се подготвени да ја прекинат испораката на руски гас преку територијата на Украина, и покрај загриженоста на некои земји, особено на Словачка.

„Суспендирањето на испораките од 1 јануари беше очекувана ситуација, Европската унија беше подготвена. Последиците ќе бидат од ограничен карактер по безбедноста на снабдувањето на ЕУ“, изјави за РИА Новости претставникот на ЕК, пренесува Комерсант.

Итконен нагласи дека ЕУ работи на подготовки за такво сценарио повеќе од една година и планира алтернативни патишта за снабдување за заинтересираните земји. Таа додаде дека европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за да овозможи испорака на гас од надвор од Русија до Централна и Источна Европа.

Според неа, од 2022 година оваа инфраструктура е зајакната со дополнителни капацитети за увоз на течен природен гас (ТНГ), што ќе придонесе за поголема сигурност во снабдувањето со енергија.

Договорот за транзит на гас низ Украина истекува на 31 декември. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да може да се продолжи транзитниот договор до крајот на годината. Украинскиот премиер Денис Шмигал исто така го потврди одбивањето на Киев да продолжи со испораките. Во случај на прекин на снабдувањето, единствен извор на руски гас за Европа ќе биде гасоводот „Балкански тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП