Ладното време може да го зголеми ризикот од мозочен удар.
Во деновите кога температурите се ниски, протокот на крв во мозокот може да биде нарушен, што предизвикува сериозни проблеми.
Мозочниот удар се јавува кога крвта не може да стигне до мозокот, поради блокирање на крвниот сад што го блокира протокот или крвен сад пука и крвари. Оваа состојба бара итен одговор со цел да се спречат сериозни последици или смрт.
Според д-р Рашми Деварај, невролог, ниските температури може да го зголемат ризикот од мозочен удар кај членовите на ранливите делови од популацијата, како што се постарите или оние со хронични заболувања.
„Кога температурата паѓа, крвните садови се стеснуваат, крвниот притисок се зголемува, што го оптоварува срцето. Затоа се појавуваат згрутчување на крвта, што доведува до блокирање на протокот на крв во мозокот и доаѓа до мозочен удар“, вели Деварај, пренесува Onlymyhealth.
Ризикот од мозочен удар се зголемува за еден до два отсто на секој пад на температурата за еден степен Целзиусов. Исто така, ниските температури можат да ги погодат и оние кои веќе имаат проблеми со висок крвен притисок, дијабетес и други хронични заболувања.
Симптоми на мозочен удар
Важно е да се препознаат симптомите на мозочниот удар за да се реагира на време бидејќи брзата реакција е клучна. Тие се познати под кратенката FAST (формирана од англиски имиња на зборови).
Face: страната на лицето е овенатa или вкочанета, замолете ја особата да се насмее заради проверка
Арм: Раката е слаба или вкочанета, ако особата не може да ја крене раката или е слаба, тоа може да биде знак за мозочен удар
Speech: Говорот е тежок или неразбирлив
Time: Време е веднаш да повикате помош доколку ги забележите овие симптоми